Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ИМ ДОАЃА ПАМЕТ: Секоја недела над 200 непрописно паркирани во Центар, изминатава казни за 236 лица

НЕ ИМ ДОАЃА ПАМЕТ: Секоја недела над 200 непрописно паркирани во Центар, изминатава казни за 236 лица

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 236 непрописно паркирани возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 05.06. до 11.06.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 115 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 121 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.


Слично

Поврзани вести