Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ИМ БИЛО ПИШАНО: Сакале да прошетаат во Црна Гора, но со полициска придружба се вратени назад

НЕ ИМ БИЛО ПИШАНО: Сакале да прошетаат во Црна Гора, но со полициска придружба се вратени назад

Автобусите на Нехар турс, кои се упатиле кон Црна Гора, со полициска придружба биле вратени од граничен премин во 3 часот по полноќ, јави порталот Фронтлајн.мк. 

Возачите одбивале да се вратат, но на крајот се согласиле да ги свртат автобусите и да ја следат полициската придружба која постапила соодветно со мерките на Владата за заштита од корона вирусот.

Сопственикот на Нехар турс не сакал да го одложи патувањето и по долгите убедувања од неколку совесни патници кои сакале да ги испочитуваат мерките на Владата во врска со корона вирусот. Според информациите, сопственикот и неговиот син дури ги убедувале патниците дека патувањето мора да се реализира и не сакале да им ги вратат парите.

Расправија се случувала и на паркингот пред спорскиот комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје. Патниците кои уплатиле за четиридневна тура насловена како „Јадран Турс“ за Црна Гора, преку туристичката агенција Нехар турс, жестоко се спротивставиле автобусите за тргнат кон планираната дестинација.

Слично

Поврзани вести