Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не го почитувал работното време, а внатре полицијата затекнала 14 странски државјанки

Не го почитувал работното време, а внатре полицијата затекнала 14 странски државјанки

Вчера полицијата упаднала во угостителски објект во Тетово, кој не го почитувал новото работно време како резултат на рестрикциите поради коронавурусот, а внатре биле затекнати 14 странски државјанки.

„Од полициски службеници од СВР Тетово, при контрола на угостителски објект на ул.„Браќа Миладинови“ во 22.30 часот, сопственост на З.А.(52) од Тетово, било констатирано дека објектот работи и во него има повеќе гости, со што не била почитувана одлуката на Владата на РСМ за работно време на угостителските објекти. Исто така,  во објектот биле затекнати 14 странски државјанки (седум од Р.Албанија, шест од Р.Србија и една од Р.Косово)“, информираат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица, поради злоупотреба на туристички престој и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во полициска станица бил приведен и сопственикот З.А. и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

За настанот  бил запознаен Јавен обвинител.

Слично

Поврзани вести