Не гласале сите што се пријавиле во дијаспората, позната точната бројка
Вкупно 36,56 отсто, односно 985 лица гласале денеска во странство, каде на 33 места право на глас имаа 2.694 лица, соопшти на прес-конференција Државната изборна комисија.
Поради временската разлика сѐ уште се отворени шест места во Канада, САД и Лондон, а во бројката не се вклучени пет избирачки места од САД и Канада.
Според порадоците што ги соопшти ДИК, во затвортие излезноста била 64,69 отсто.
Од 1859 кои гласаат дома, односно болни и немоќни гласачкото право го оствариле 1520 гласачи, но гласањето се уште трае.
Во врска со инцидентот што денеска се случи во Австралија, од ДИК велат дека случајот е евидентиран и пријавен.
Денеска на референдумот гласаа болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците и државјаните на Македонија што живеат во странство.
