Не ги оставајте чадорите, се очекуваат дождливи денови
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, посебно во северните и во западните делови на Македонија.
На планинските врвови во северозападните делови ќе има врнежи од снег. Се очекува вкупното количество на наврнат воден талог да изнесува повеќе од 20 литри на еден квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 Целзиусови степени, а максималната од 10 до 17 степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 14 степени.
До крајот на неделата ќе има врнежи од дожд.
Во следните денови се очекува слично облачно време со локални дождови, сè до недела, кога ќе настапи стабилизирање на временските услови.
