Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ЕДЕН, ТУКУ СЕДУМ ВО ИСТИ ДЕН - еве кои министри утре ќе бидат вакцинирани

НЕ ЕДЕН, ТУКУ СЕДУМ ВО ИСТИ ДЕН - еве кои министри утре ќе бидат вакцинирани

Не еден, туку седуммина владини министри утре ќе бидат вакцинирани. 

Вакцината ќе ја примат во вакциналниот пункт А1 Арена СЦ Борис трајковски. 

„Ве известуваме дека утре, на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“, ќе се вакцинираат следниве членови на Владата на Република Северна Македонија: Фатмир Битиќи – заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Никола Димитров – заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Бојан Маричиќ – министер за правда, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Горан Милевски – министер за локална самоуправа“, се вели во владиното соопштение.
По вакцинацијата, со почеток во 10:50 часот е предвидена изјава на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања - Никола Димитров и министерот за правда Бојан Маричиќ на платото пред вакциналниот пункт.

Слично

Поврзани вести