Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е затворена истрагата за наводното самоубиство на сведокот на СЈО

Не е затворена истрагата за наводното самоубиство на сведокот на СЈО

Иако во јуни 2016 година, скопското обвинителство потврди дека 40 годишниот академски сликар, Коста Крпач, сведок на СЈО, и ексдиректор на компанијата „Финзи“, се самоубил, сепак предистрагата и натаму е отворена, потврдуваат за „Макфакс“ од Основното јавно обвинителство Скопје. Оттаму велат дека сè уште ги чекаат запсиниците за мистериозната смрт во скопски Капиштец од пред 2 години за да утврдат дали некој му се заканувал на Крпач.

„Надлежниот јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги побара записниците од изјавите на Коста Крпач дадени пред тоа обвинителство со цел да се утврди дали тој во исказот споменал дека некој му се заканува и посочил конкретни лица. Одговор на ова барање не е пристигнат во Основното јавно обвинителство Скопје“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Од специјалното јавно обвинителство не одговорија на прашањата дали од записниците дошле до нови сознанија и зошто исказот на Крпач не им е испратен на колегите од скопското обвинителство. Неофицијално, во предистражната постапка за смртта на Крпач се добиени  нови сензитивни информации.

Според полициските информации, пред да биде пронајден мртов во својот дом, Крпач во 13:20 часот испукал 4-5 истрели со огнено оружје кои завршиле во возило „фургон“, сопственост на фирма ДТУ „Огнометика“, кое било паркирано спроти влезот на зградата во која што живеел.

Коста Крпач беше едно од 56 лица кои ги помилува претседателот Ѓорге Иванов. СЈО соопшти дека Крпач бил сведок во една од предистражните постапки што ги водело Обвинителството, но не бил осомничен, па јавно побара од претседалот Иванов да каже како Крпач се нашол на неговиот список на аболицирани лица.


Слично

Поврзани вести