Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ Е ВРЕМЕ ЗА СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ“: Владата апелира за етичко известување од погребот во Кочани

„НЕ Е ВРЕМЕ ЗА СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ“: Владата апелира за етичко известување од погребот во Кочани

Во духот на професионалното новинарство, медиумите кои емитувале фото и видео материјали од погребот на жртвите од трагичниот пожар во кочанската дискотека се повикуваат да ги отстранат содржините и да се воздржат од нивно понатамошно ширење.

Во соопштението се нагласува дека поголемиот дел од медиумите се придржуваат до етичките стандарди, но се повикуваат и оние кои објавиле вакви содржини да го почитуваат достоинството и приватноста на семејствата. Владата предупредува дека трагедијата не смее да биде предмет на сензационализам и емотивни наративи, а медиумите треба да известуваат со почит и без да предизвикуваат вознемиреност кај јавноста.

Во исто време, Владата изрази благодарност до медиумите кои известуваа професионално и ги почитуваа насоките за информирање во вакви чувствителни моменти.

-Чувствителноста на трагедијата и личната болка на семејствата во овој момент не треба да биде мета на сензационализам, емотивни наративи, фотографии и видеа. Ги повикуваме медиумите да ги почитуваат приватноста и достоинството на семејствата и во никој случај со медиумското известување не треба да се предизвика лично вознемирување и вознемирување на јавноста. Уште еднаш упатуваме апел до медиумите да пренесуваат проверени факти, да избегнуваат шпекулации и дезинформации, да ја запазуваат приватноста на семејствата на жртвите, се наведува во соопштението на Владата.


Слично

Поврзани вести