Не е точно дека работници од Екс-ју земјите ќе се вработуваат под исти услови како оние од ЕУ земјите во Германија
Германската амбасада ги демантира информациите кои ги пласираа дел од медиумите дека вработувањето во Германија за работниците од земјите од екс Југославија ќе се одвива на ист начин како што тоа е за работници кои доаѓаат од земјите членки на Унијата.
Не е точно дека во Германија ќе стартува нов закон за вработување од јануари следната година.
“Информациите, дека од 01.01.2018 г. ќе влезе во сила нов закон, кој ќе овозможи лица коишто не се граѓани на ЕУ да може да се вработат под исти услови како граѓаните од ЕУ, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страната на Амбасадата преку линкот: Услови и време на чекање за издавање на работни визи”.-стои во демантот од германската амбасада.
Слично
