Не е тешко да се погоди кој македонски политичар ќе биде денес во Истанбул
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, е единствениот политички претставник од Македонија кој е официјално поканет денеска да присустува во Истанбул на отворањето на најголемиот аеродром во светот.
Иванов е еден од осумте државни лидери кои треба да присуствуваат на церемонијата, покрај претседателите на Србија, Албанија, Косово, Молдавија, премиерите на Бугарија и БИХ, како и емирот на Катар.
Новиот аеродорм ќе биде трет во Истанбул, но воедно и најголем во светот, со капацитет од 150 милиони патници годишно. Се наоѓа северозападно од европскиот дел на Истанбул, а за негова реализација потрошени се 7 милијарди евра.
Слично
