Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ Е СООДВЕТНО ЦЕЛО ВРЕМЕ ДА БАРААТ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД ГОЛЕМИОТ БРАТ“: Перински вели градоначалниците сами да си ги менаџираат буџетите

„НЕ Е СООДВЕТНО ЦЕЛО ВРЕМЕ ДА БАРААТ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД ГОЛЕМИОТ БРАТ“: Перински вели градоначалниците сами да си ги менаџираат буџетите

Можеме да ветиме дека од следната година ќе им ставиме на располагање на општините бази со даночни обврзници, за посоодветно да си ги колектираат сопствените извори на финансирање. Она е тоа што може централната власт согласно децентрализација да го направи, кажа министерот за локална самоуправа, Златко Перински. 

„Оставаме на успешноста на менаџирањето на градоначалниците, бидејќи е нивна одговорноста да си ги менаџираат буџетите. Имаме градоначалници кои колектираат 100% од сопствените извори на финансирање, но имаме и такви кои изминатите 10 години немаат издадено ниедно решение“, рече Перински. 

Вели дека не е соодветно да се бара цело време помош од централниот буџет и таа помош ќе биде ограничена.

„Не е соодветно постојано да барате финансиска помош од „Големиот брат“, кога вие несоодветно да си ги колектирате сопствените извори на финансирање“, рече тој.

Слично

Поврзани вести