Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ Е САМО СКОПЈЕ: Oвие градови денеска се гушат

НЕ Е САМО СКОПЈЕ: Oвие градови денеска се гушат

Воздухот денеска е високо загаден во Скопје, Тетово, Куманово и Битола. 

Во Кочани и Кичево воздухот е средно загаден, покажуваат податоците од мерните станици. 

Ниско загаден е Дебар, а многу ниско загадено е во Велес. 

Во Скопје се активирани мерки за ублажување на последиците од аерозагадувањето, а скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска најави дека во рамки на мерките јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило почнуваат со интензивно чистење на улиците.

Од вчера се спроведуваат мерки за бесплатен јавен превоз, а се препорачува да бидат ослободени од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, болните од астма и изнемоштените лица.

Граѓаните на социјалните мрежи се организираат за протест во недела.

Слично

Поврзани вести