НЕ Е САМО МАКЕДОНИЈА: Во 130 држави сè уште немаат вакцини
Во 130 држави во светот сè уште немаат вакцини против коронавирусот.
Од Светската здравствена организација и Фондот за деца на ООН апелираат за зголемено производство на вакцини и правична дистрибуција. Оттаму предупредуваат дека глобалното ширење на вирусот е опасно нерамномерно.
Нивните податоци говорат дека во 130 земји има 2,5 милијарди луѓе, кои сè уште немаат ниту една вакцина. Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот, повеќе од три четвртини вакцинирани има само во десет земји, кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто-домашен производ (БДП).
Македонија е една од земјите во кои нема вакцини. Поради документарцијата, се одложи пристигнувањето на вакцините од Србија, а по 18 месецов треба да пристигнат кинеските вакцини.Во светот има повеќе од 108 милиони потврдени случаи на коронавирусот.
foto freepik
Слично
