Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Не е прв пат Мицкоски да ја менува приказната според потребата“: СДСМ остро по изјавата на премиерот за предвремени избори

„Не е прв пат Мицкоски да ја менува приказната според потребата“: СДСМ остро по изјавата на премиерот за предвремени избори

Опозициската СДСМ се огласи денеска по повод изјавата на премиерот Христијан Мицковски за предвремени парламентарни избори. 
- Мицкоски од „нема избори“ до „избори многу скоро“.

Ова доаѓа откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори и дека мигрантите, односно економските работници нема да доаѓаат оваа година.

Сега, одеднаш, изборите се „многу скоро“.

Ова не е прв пат Мицкоски да ја менува приказната според моменталната потреба.

Има двајца Христијан Мицкоски - пишува во објавата на СДСМ.

Од партијата посочуваат „едниот ќе го враќаше името, најавуваше поништување на Преспанскиот договор, а другиот го прогласи за ремек-дело на дипломатијата“.

- Едниот беше против НАТО, другиот сега го фали со членството.

Едниот со Латас водеше антиевропска кампања, другиот во странство кажува дека ќе прави реформи и дека оди кон Европа.

Исто е и со изборите.

Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има.

Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се „многу скоро“ - потенцираат од опозицијата.

Потоа додаваат дека „Мицковски и неговата банда се плашат од моментот кога ќе немаат повеќе пари за да ја одржуваат власта и тендерите“.

- Затоа, штом ќе им снема пари за задолжување, ќе побрзаат кон избори.

На сите сега им е јасно.

Нема веќе граѓанин во Македонија што не знае дека Мицкоски дојде на власт со лаги и дека денес владее со лаги - заклучуваат на крајот од соопштението. 



Инаку денеска премиерот објави дека набргу може да има вонредни парламентарни избори во земјата. Ова тој децидно го најави на настанот на отворањето на реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода.

Слично

Поврзани вести