„НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО ОТИШЛЕ ВО ВАШИНГТОН СО БИЗНИС КЛАСА, ПРОБЛЕМ Е ШТО ОТИШЛЕ СО ДЕНОВИ ПОРАНО И СЕ ШЕТААТ“: Најчевска со став за владиното патување
За патувањето на владината делегација во Вашингтон, кое предизвика лавина реакции, се огласи и професорката Мирјана Најчевска.
„Не мислам дека е проблем што премиерот и министрите отишле за Вашингтон со бизнис класа.
Проблем е што отишле со денови порано и се шетаат.
Проблем е што отидоа со министер за внатрешни кому не му е местото на овој состанок.
Проблем е што отиде и претседателот на Собрание од најидиотски причини на мерење на должината по етничка линија.
Проблем е што делегацијата брои над 20 луѓе.
Проблем е носењето деца и родбина на службено патување.
Проблем е ако целата делегација одела со бизнис класа.
Ајде да ги расчиситиме вистинските проблеми“, напиша таа на фејсбук.
Слично
