Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ Е ПОЛИЦАЕЦ ЧОВЕКОТ ШТО ПОМИНА ПАТАРИНА САМО СО ЛЕГИТИМАЦИЈА - МВР го расчисти случајот

НЕ Е ПОЛИЦАЕЦ ЧОВЕКОТ ШТО ПОМИНА ПАТАРИНА САМО СО ЛЕГИТИМАЦИЈА - МВР го расчисти случајот

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. 

Ова го објави Министерството за внатрешни работи. 

„Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (18.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок“, се вели во соопштението.

Инаку, МВР потенцира дека М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите.         


Слично

Поврзани вести