„НЕ Е ОЧЕКУВАН РЕЗУЛТАТ, НО НЕ Е ЛОШ“: Филипче кажа дека победиле во прв круг во три општини
СДСМ во првиот круг победи во Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Водиме во уште девет општини: Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново Облешево, Валандово, Конче, Крушево и Росоман, каде ќе има втор круг, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Втор круг ќе има и во Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновци и уште неколку места, но таму СДСМ не е во водство.
„Апелирам на масовна излезност во вториот круг. Овој резултат мислам дека не е тој кој го посакувавме сите, меѓутоа би рекол дека не е лош резултат, посебно што во еден добар дел од општините имаме зголемување на бројот на гласови споредбено со ланската година“, вели Филипче.
Според него, интензивно ќе работат на консолидација на партијата и во следниот период.
„Би ги почекале бројките за Скопје, за да коментираме точно и прецизно. Дозволете да се сублимираат, па ќе дадеме коментар“, додаде лидерот на СДСМ.
