НЕ Е НАДМЕНА, МНОГУ Е УПОРНА И ВОРКОХОЛИК: Министерката за енергетика, Сања Божиновска, открива дел од приватноста
Зборува чешки, англиски, српски и солидно го разбира шпанскиот јазик. Жена која имала можност да се надградува и образува во странство, на едни од најпрестижните универзитети и институции. Од 1998 до 2022 дипломирала на Англо- американскиот универзитетот во Прага, Чешка, насока бизнис администрација и студии по политички науки.
Во 2004 година стана Магистер на науки на Универзитетот Гронинген, Холандија, во областа на интернационален бизнис. Во 2015 година поминала и извршна програма за жени лидери на Универзитетот Харвард во САД... И многу работни места во реномирани странски компании, секогаш на функции од кои се бара голема одговорност, професионалност и посветеност. А токму таква е и таа.
Од неодамна, Сања Божиновска е Министерка за енергетика рударство и минерални суровини. Воопшто не е надмена, напротив, многу пристапна и транспаретна. Велат дека е голем пријател, а за себе ќе каже дека точноста, прецизноста и исполнителноста ги цени многу. Карактерот - точноста, прецизноста и исполнителноста ги ценам многу- мултитаскинг и воркохолик е карактерно! И упорна - не се откажувам, кај мене не постои не може само не сакам“
Во едно сосема релаксирано интервју, неоптоварено со политика, ја запознаваме подетално министерката и сето она што ја прави да биде тоа што е денес.
ЖМ. Вие сте дама која ненаметливо и суптилно создава посебен стил во поглед на облекувањето и однесувањето. Како би го дефинирале вашиот стил, а како вашиот карактер? - Мојот стил - со новата позиција гледам да биде соодвен на настаните односно деловен, меѓутоа сепак да дадам акцент во избор на боите - бизнис кежуал. Карактерот - точноста, прецизноста и исполнителноста ги ценам многу- мултитаскинг и воркохолик е карактерно! И упорна - не се откажувам, кај мене не постои не може само не сакам“. ЖМ. Што најпрво помисливте кога ви сооштија дека ќе бидете Министерка? - Тој ден беше долг и напорен. бевме 12 часа во Собранието, искрено тоа беше чувство на возбуда и во исто време голема одговорност! Помислив што сѐ треба да се промени, а следниот ден немам ни канцеларија каде да одам. ЖМ. Кои се вашите следни чекори во поглед на вашата нова функција? Дали нештата треба многу да се менуваат? ЖМ. А, каква сте приватно, без обрврски, без стрес, без работна агенда? Што претпочитате да правите, што најмногу Ве исполнува? - Најмногу сакам да патувам, да запознавам нови култури, земји и да видам како живеат луѓето на целата земјина топка. Исто така, јас сум летно дете па земјите со плажа, море и сонце се некако на приоритетните листи. - Ситуацијата со енергетика е многу лоша - тоа е реалноста, мора да се работи многу, вредно, искрено, да се биде транспарентен и да се направи нешто за Македонија кое ќе остане и за следните генерации. Ова е крајно време да се направат промени, да се покаже и докаже дека ќе има вредносен систем, а не партиска припадност и да ги цениме и нашите кадри! Не може наши кадри да се признаваат во ЕУ и светот, а овде бидејќи нема соодветен закон, секој да објавува и да зборува што сака. Професионализам во сите сфери треба да е присутен и сите да имаат ниво во својата работа.
