НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
Македонскиот готвач Виктор Настески, кој својата кариера ја гради на луксузни крузери, објави потресно сведоштво за работата далеку од дома.
„Се јавувам вчера дома, а Матеа ме прашува:
-Тато, утре ќе си дојдеш?
Колку и да сум јак, ваквите прашања ме кршат. Те буткаат во бездна од која тешко се излегува. Уште ми ѕвони во глава нејзиниот глас…Иако не ми го кажува директно, чувствувам колку многу и недостасувам.
-Доколку имате избор, никогаш ама баш никогаш не се одвојувајте од вашите деца. Поголема болка од ова нема.
Однадвор можеби изгледа дека се ми е совршено, но внатрешната болка никој не ја гледа. Тоа е тежина што само срцето ја носи!
-Секогаш борете се и работете за да им создадете подобра иднина.Тоа треба да ви е мисија цел живот, за децата.
Таму сум каде што сум за да им овозможам подобар живот и поизвесна иднина. Мојата цел е тие да растат во стабилност и сигурност, нешто што мене ми недостасуваше.
Едно знам, грешките кои ги правеле моите родители јас нема да ги повторам.
До Леонид и Матеа:
Знам дека ви фалам и знам дека ви е многу тешко. Но сигурен сум дека еден ден ќе разберете зошто го избрав овој живот и овој пат.
Се што правам, го правам за вас. Ве сакам бескрајно. Ваш тато“, објави тој.
Слично
