Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, порача Филипче

Не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, порача Филипче

Moжни се нови мерки затоа што британскиот сој на коронавирусот се шири. За оваа опција зборуваше денеска министерот за здравство, Венко Филипче. 

„Британскиот сој на вирусот се шири и поради тоа не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, на локално ниво или на територија на цела држава. Засега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, но ќе направиме дополнителни анализи“, изјави тој. 

Во Охрид, Прилеп и Кавадарци се зголеми бројот на заболени. Според епидемиолозите растот на бројките се должи на мутациите, но и на непочитувањето на мерките. 

За 24 часа уште 13 луѓе ја изгубија битката со вирусот. Досега има 3.098 жртви откако почна епидемијата. 

Слично

Поврзани вести