Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е исклучена можноста повторно да има карантин

Не е исклучена можноста повторно да има карантин

Министерот за здравство, Венко Филипче за Тв 24 изјави дека не се исклучува можноста за карантин. Смета дека младите не ги почитуваат превентивните мерки и продолжуваат со комуникацијата и тие се голем преносител на вирусот. Вели дека следниот период ќе има простор да се видат резултатите од полицискиот час.

Министерот рече дека многу е важно во делот на вакцинирањето како стратегија да се обрне внимание на приоритетната група. Тоа се здравствените работници и ќе бидеме една од ретките земји во регионот и Европа каде сите здравствените работници кои работат со ковид се имунизирани. 

„Интересот е 80 отсто кај здравствените работници. 20 отсто не се јавуваат од закажаните на вакцинација“, рече Филипче.

Од Лекарската комора бараат построги мерки поради зголемениот број на заболени од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести