Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ Е ИМ Е ЛЕСНО НА ОНИЕ ШТО РАБОТАТ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦИ - маскиран разбојник со нож ѝ се заканил на вработена и ѝ одзел над илјада евра

НЕ Е ИМ Е ЛЕСНО НА ОНИЕ ШТО РАБОТАТ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦИ - маскиран разбојник со нож ѝ се заканил на вработена и ѝ одзел над илјада евра

Основното јавно обвинителство Битола донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 8 февруари, маскиран влегол во подружница на спортска обложувалница на улицата „Охридска“ во Битола и со нож се заканил на вработената, барајќи и да му ги даде парите. Вработената исплашена се повлекла, по што осомничениот влегол во внатрешноста на пултот за наплата, од фиоката одзел 65.000 денари и избегал“, се вели во соопштението од обнвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.

Слично

Поврзани вести