НЕ Е ДОВОЛНО ДА СЕ КАЖЕ „ИМАМ МНОЗИНСТВО“: Арсовски го праша СДСМ со кого го формирале
За формирање Влада не е доволно да се каже „имам мнозинство“, пишува денеска во пост на Фејсбук, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, истовремено повикувајќи го Социјалдемократскиот Сојуз да се изјасни со кого формирале парламентарно мнозинство.
-Гледам
СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го
потврдуваат другите политички партии.
Еве јавно нека објават СДСМ со кого "се ќердосаа" и имаат
парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ и детали,
бидејќи зборовите "имам мнозинство" не се доволни за Влада. Во спротивно СДСМ во овој момент
освен што дрско краде, дрско и лаже. Што сепак и не е нешто ново..., пишува Арсовски
Слично
