„НЕ Е ДО ПОЗИЦИИТЕ, ЈАС СУМ ТОТАЛЕН ЛУЗЕР ЗА МАКЕДОНСКИ СТАНДАРДИ“: Ванковска кажа што постигнала во животот
Професорката Билјана Ванковска на социјалните мрежи сподели резиме на животот и за тоа што постигнала.
„Си правам резиме на животот и што сум постигнала:
- седум стана немам, ниту можам да ги стекнам ни за седум животи
- два џипа (скапи колку стан) - јок! Дури ни обично возило немам.
- девет, пардон 13 банкарски сметки немам! Само онаа една на која ми стасува платата.
- награда за постигнувања немам, а немам ни обична благодарница.
- раководна позиција не сум имала (ако не го сметаме Центарот, кој нема статус на правно лице и без надомест). Ни раководител, ни одбори за акредитација или евалуација, ни продекан а камо ли декан.
Овој мојов ми вели: ти позиција можеш да добиеш само со декрет.
А бе не е до позициите, туку јас сум тотален лузер за македонски стандарди. Е како тогаш станав криминален лик не знае ни оној што вчера ме обвинил пред 100 луѓе кои молчеле.“, напиша таа.
Слично
