Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не дојде адвокатот на обвинети членови на ДУИ, заработи казна

Не дојде адвокатот на обвинети членови на ДУИ, заработи казна

Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне денеска во Кривичниот суд, повторно е одложено, овој пат за 8 мај, откако под неразјаснети причини не се појави адвокатот на двајцата функционери на ДУИ обвинети за изборни малверзации.

Причина за одложувањето е неприсуството на адвокатот Еленко Миланов, кому за непочитување на Судот денеска му беше изречена казна од 1.000 евра.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека го контактирале тетовското обвинителство, случајно правниот застапник да не е ангажиран во тамошен случај, од каде добиле информација дека денеска таму нема ништо.

Судењето за овој предмет беше одложено и на 27 април поради неприсуство на првообвинетиот Ејуп Аљими, кој, како што информира тогаш неговиот адвокат, како координатор на пратеничката група на ДУИ бил на службено патување во Албанија.

Во предметот „Титаник 3“, покрај Аљими, обвинет и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Двајцата се товарат за „уништување изборен материјал“.


Слично

Поврзани вести