„НЕ ДОАЃАМЕ НИТУ ВО СКОПЈЕ НИТУ ВО ЕГИПЕТ“: Егзит го демантира Ѓорѓиевски
EXIT не се сели во Скопje, ниту во Египет, а во моментов нема можност ниту да се одржи во Србија следната година бидејќи е одбиено државното финансирање, велат од фестивалот, а откако кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски најави дека следната година, главниот град на Македонија ќе биде дестинацијата на која би се одржал овој фестивал.
„Во овој момент, нема можност фестивалот EXIT да се одржи во Србија следната година, бидејќи на фестивалот, поради поддршката на студентите, му е одбиено секое државно кофинансирање на локално, покраинско и национално ниво. Исто така, од истите причини, на EXIT му е одбиена поддршката од главниот спонзор на државниот фестивал, Mts, по 22 години успешна соработка“, објави фестивалот.
