Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ, ДЕЦАТА ИМААТ ЗДРАВ ИМУН СИСТЕМ: Дури 65 проценти оговорија НЕ за вакцинацијата против ковид кај децата

НЕ, ДЕЦАТА ИМААТ ЗДРАВ ИМУН СИСТЕМ: Дури 65 проценти оговорија НЕ за вакцинацијата против ковид кај децата

-Не, децата имаат здрав имун систем. А, тие што не знаат што е имун систем нека си платат стручно лице да им објасни повеќе. Вакцина од која повеќе од пола популација не развива антитела и препораката е на секои 6 месеци да си ја обновуваат со друга, бидејќи се јавувале разни соеви е еднакво на лудост и манијаштво од светски размери“, напиша една читателка. Друга пак вели: „ Не, затоа што е екперимент, недоволно проверена и со непознати нус појави за кои никој не превзема одговорност“. Скоро сите одговори беа дека нема да ги вакцинираат своите деца.

Ова се дел од одговорите на анкетата што ја спроведе Женски магазин, на која читателите требаа да одговорат на прашањето: Дали би ги вакцинирале своите деца со вакцина против вирусот ковид-19?

Од вкупно 5468 гласови, дури 65%, односно 3558 лица гласале дека нема да ги вакцинираат децата, 25% или 1375 гласале дека ќе ги вакцинираат и 10 % (535 гласови) се изјаснија дека не знаат дали ќе ги имунизираат своите деца со вакцина против ковид-19. 

Дека интересот е мал, потврдуваат и од Министерството за здравство од каде изјавија дека, изминатите 14 дена се вакцинирале вкупно 1.152, и во моментов нема значителен пораст на заинтересираноста помеѓу помладите лица за имунизација со вакцина против ковид-19.

Останатите одговори и реакции на граѓаните на Женски магазин

Слично

Поврзани вести