„НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА ВЛЕЗЕШ, НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕШ“: Еве ја реалната слика низ улиците на Клиника
Видео објавено од Евгенија Трифуновска на социјалните мрежи, на кое таа останува заглавена на улиците на Клиника, ја покажува реалната слика за тоа низ каков пекол минуваат пациентите кои мора да заминат на лекување таму.
Таа направи повеќе видеа од сообраќајниот хаос на клиниката. Возила паркирани среде улица од кои не може да се помине, јасно покажуваат низ каков пекол минуваат пациентите.
„Не дај Боже да влезеш, не може да излезеш“, рече таа додека револтирано го снимаше хаосот.
Според тоа што Алиу го кажа тогаш, „ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа. Ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, почнувајќи од нула денари до цени за граѓани кои што не се пациенти“, рече тогаш Алиу.
