НЕ ЧЕКА ПЕКОЛНО ЛЕТО: Екстремни горештини ја очекуваат Македонија и Балканот
Долги периоди на топло време, вклучувајќи и неколку опасни топлотни бранови, ќе ги одбележат временските прилики во текот на летото ширум јужна и источна Европа, прогнозира познатиот сајт за временска прогноза Акуведер.
Долго, топло лето и долги периоди со температури над просечните за тој период од годината ќе го опфати просторот од Италија до Балканскиот полуостров.
Pewnie wielu czeka na takie wieści.
— meteoprognoza.pl (@MeteomodelPL) May 11, 2017
Wg Amerykanów Polskę czeka gorące i burzowe lato.
Oczywiście to jedynie ciekawostka.
by @accuweather pic.twitter.com/N2ce1PRgGb
Наспроти тоа, жителите на Велика Британија и Ирска нема баш да се згреат ова лето, а помеѓу овие подрачја со различни временски прогнози ќе се најдат земји од Франција до Чешка со чести бурни ветрови.
Нашиот регион посебно во јули и август го очекуваат опасни горештини и температури над 32 степени Целзиусови кои ќе се задржуваат и подолго од недела.
„Рекордно високи температури се можни во текот на најинтензивните топлотни бранови“, предупредува метеорологот Алан Реперт.
На Македонија, Бугарија, Унгарија и Романија им се заканува најголема опасност од топлини, а метеорологот Тајлер Ројс додава дека друг проблем ќе претставува смогот и лошиот квалитет на воздух.
Екстремните горештини во јужна и источна Европа ќе го ограничат паѓањето на дожд, што ќе го зголеми ризикот од суша и покрај натпросечните врнежи од јануари до април.
Ширум Балканот ќе продолжи страдањето на житните култури и овошките, кои веќе се погодени од пролетната студ, а сега им следи недостаток на врнежи и интензивна топлина во текот на летото.
