„НЕ БРЕ АФРИМ ГАШИ, НЕ Е ОВА АЛБАНОФОБИЈА И ИСЛАМОФОБИЈА“: Ова е борба со криминалци, вели Најчевска
Фамата околу интерпелацијата на претседателот на Собранието, Афим Гаши заврши. Таа не помина пред пратениците.
Но, експертите сепак го дадоа своето мислење околу интерпелацијата.
По тој повод се огласи професорката Мирјана Најчевска.
„ Ако го обвиниш Африм Гаши дека ги прекршил законите и Уставот тоа е албанофобија.
Ако го повикаш Африм Гаши на одговорност за прекршување на Уставот и законите - тоа е исламофобија.
Демократијата и владеењето на правото во една држава се обратно пропорционални со нивото на неказнивост на високите функционери во власта.
Според ситуацијата со Африм Гаши, демократијата и владеењето на правото во Македонија се на 0.
Не бре Африм Гаши.
Не е ова албанофобија и исламофобија.
Ова е едноставно борба со криминалци кои се претставуваат како политичари“, напиша таа на фејсбук.
