Не биле терористи со дела: „Арнаудов има 15.000 породувања, Јовановски е семеен човек, Илиевски архитект
Љубен Арнаудов има импозантна кариера со 15.000 породувања и 30 години работно искуство, Владо Јовановски е глумец, нормален, семеен човек, а Богдан Илиевски е архитект кој не дозволил ниту еден инцидент за време на протестите на За Заедничка Макеоднија чиј организатор бил. Со образложение за личноста на обвинетите нивниот адвокат Дончо Наков ги бранеше своите клиенти во воведниот говор пред судот. Арнаудов, Јовановски, Илиевски и Абдуљета Алими кои ги застапуваНаков, се обвинети за тероризам за „крвавиот четврток“.
Наков рече дека сториле тероризам со зборови, а не со дела, а начинот на сторување на кривичното дело тероризам е направен со несторување.
Мотивот за сторување на кривичното дело тероризам, според обвинението, е наводното спречување на избор на претседател на Собранието, а следствено на тоа обвинетите се гонат за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и уставниот поредок“. Според Наков, намерата не се остварила, бидејќи избраниот претседател Талат Џафери седи во кабинетот, е назначен на функција и се уште е актуелен собраниски спикер.
