Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ БЕ ЗЛАТЕН, НЕ СЕ ТОА ТЕМЕЛИТЕ НА ДРЖАВАТА“: Најчевска со остра критика на темата на која деновиве се препукуваат политичарите

„НЕ БЕ ЗЛАТЕН, НЕ СЕ ТОА ТЕМЕЛИТЕ НА ДРЖАВАТА“: Најчевска со остра критика на темата на која деновиве се препукуваат политичарите

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со остра реакција околу темата која викендов ја бранува политичката сцена во земајва. 
По јавните препукувања меѓу претставниците на ДУИ и ЗНАМ, во што се вклучи и актуелнит министер Изет Меџити, на темата се огласи и Најчевска, со појаснување. 
- Не бре златен. Не се тоа темелите на државата.

Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:

- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право

и утврдени со Уставот;

- слободното изразување на националната припадност;

- владеењето на правото;

- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;

- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;

- правната заштита на сопственоста;

- слободата на пазарот и претприемништвото;

- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;

- локалната самоуправа;

- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на

животната средина и на природата и

- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.

Ама кој да го чита Уставот - напиша Најчевска пренесувајќи текст од Меџити.


Слично

Поврзани вести