Економија, финансии, бизнис

Контакт

НДМ се закани со постапка до Уставниот суд ако не се распушти Собранието

НДМ се закани со постапка до Уставниот суд ако не се распушти Собранието

Народното движење за Македонија порача дека овој пат политичките партии мора да го почитуваат Уставот и денес да го распуштат Собранието со цел избори да се одржаат за 60 дена.

„Потсетуваме  дека и Уставниот суд со неговата одлука од 25 мај 2016 со која ја поништи собраниската одлука за распуштање од 18.01.2016, недвосмилено запиша дека според член 63 став 3 од Уставот на Република Македонија скратениот рок за вонредни парламентарни избори (60) дена не трпи одлагање. Оттука, секое распуштање на Собранието со прекршување на уставниот рок од 60 дена не е во огласност со Уставот на Република Македонија. Понатаму, ДИК со допис од 5 септември го информираше Собранието дека изборите се незаконски доколку не се корегира шестата изборна единица во која бројот на гласачите е за 5,28 отсто поголем споредено со другите изборни единици“ посочуваат од НДМ.

НДМ ќе поведе постапка пред Уставниот суд за уставна оценка на Одлуката за распуштање на Собранието доколку не е исполнет условот изборите да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието и доколку не се измени Изборниот законик во делот на шестата изборна единица.


Слично

Поврзани вести