Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ ВО БАНКИТЕ „ЧУВААТ“ 10,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - расте и кредитирањето

ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ ВО БАНКИТЕ „ЧУВААТ“ 10,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - расте и кредитирањето

Нов раст на вкупните кредити и депозити во банкарскиот систем во март регистрираше Народната банка. Притоа укажуваат дека на годишно ниво кај депозитите има раст од 11,3 проценти, додека кај кредитите растот е 13,1 процент.

Бројките покажуваат дека вкупните депозити на граѓаните и компаниите во банките надминуваат 10,8 милијарди евра.

Притоа, само заштедите на граѓаните достигнуваат 7,2 милјарди, додека останатите се заштеди на корпоративниот сектор.

Според соопштението на НБРСМ вкупните депозити во март се зголемени за 1,8 проценти во однос на претходниот месец, при што растот доаѓа исклучиво од корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата бележат благ пад. 

На годишно ниво, депозитите пораснале за 11,3 проценти, со поголем придонес од домаќинствата.

Од друга страна има раст и кај кредитирањето. Па вкупниот долг во март на граѓаните и на компаниите достигнал до 9,2 милјарди евра

Кредитната активност продолжува да се засилува, при што зголемувањето е резултат на повисокото кредитирање и на фирмите и на домаќинствата, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Вкупните кредити се зголемени за 1,4 проценти на месечно и за 13,1 проценти на годишно ниво, при што поголем дел од растот се должи на кредитирањето на корпоративниот сектор.

Податоците покажуваат дека корпоративниот сектор има клучна улога во овој раст, со годишно зголемување на кредитите од 15 проценти, додека кредитите кај домаќинствата растат со нешто побавно, но стабилно темпо од 11,5 проценти.

Анализирано според намената, потрошувачките и станбените кредити остануваат најзастапени и во март бележат раст од 1,2 и 1,5 проценти на месечно ниво, со годишен раст од 10,9 и 15,9 проценти.



Слично

Поврзани вести