НБРМ ја продолжи примената на намалената задолжителна резерва за банките
Советот на Народната банка ја измени Одлуката за задолжителната резерва, со што ја продолжи примената на нестандардната мерка за намалување на основата за задолжителна резерва на деловните банки за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија.
Основна цел на оваа Одлука е да се обезбеди натамошна поддршка на двата системски значајни сектора на економијата, објаснуваат од НБРМ.
„При донесувањето на оваа одлука, Советот се раководеше од досегашниот ефект што го имаше оваа мерка врз динамиката на кредитирањето, а со тоа и на целокупниот економски раст. Со оглед на тоа што ефектот е несомнено позитивен, односно го намали трошокот за финансирање на претпријатијата од двата сектора, но со помал интензитет од потенцијалниот, а имајќи ги предвид податоците што укажуваат на одредена неизвесност околу динамиката на кредитирањето на корпоративниот сектор во следниот период, Одлуката предвидува оваа нестандардна мерка да продолжи да се применува до 31 декември 2015 година“, стои во соопштението од НБРМ.
Слично
