НБРМ го зголемува бројот на валути во кои ќе се изразува курсот на денарот
Народната банка на Република Македонија одлучи да го прошири опсегот на национални валути во кои се изразува курсот на денарот. Според одлуката на Советот на НБРМ, опсегот ќе се прошири на валутите во кои Европската централна банка го изразува курсот на еврото, имајќи ја предвид стратешката определба на Македонија за приклучување кон ЕУ.
Досега, курсот на денарот се изразуваше во 10 валути: евро, американски долар, јапонски јен, австралиски долар, швајцарски франк, канадски долар, шведска круна, норвешка круна, данска круна и британска фунта.
Курсот на еврото, пак, од страна на Европската централна банка се изразува во 33 валути, меѓу кои и турската лира, индиската рупија, кинески јуан и други. Нема детали дали во сите овие валути и НБРМ ќе започне да го изразува курсот на денарот.
Слично
