НБРМ: Економијата ќе расте со 3,7%
Македонската економија годинава ќе расте со 3,7%, очекува Народната банка, останувајќи на своите претходни проценки за економскиот раст. Според последниот квартален извештај на НБРМ, главниот импулс за ваквиот раст ќе го даде извозот.
Нема промена и во проекцијата за 2015 година кога се очекува забрзување на растот и да достигне 4,4 проценти.
По растот на кредитите од 6,4 отсто во 2013 година, во следните две години се укажува на негово забрзување со што би достигнал 7 отсто и 8 осто, соодветно. Овие проекции, како што стои во извештајот, се условени од остварувањето на претпоставките за економско закрепнување и раст на девизните приливи во економијата во следните две години.
Слично
