Навршија 17 години од масакрот кај Вејце - Ангелов оддаде почит
Пред точно 17 години се случи масакарот во тетовско Вејце, во кој загинаа осум македонски бранители.
Генералот Стојанче Ангелов, денеска, во Вејце, запали свеќи во чест на загинатите македонски херои.
„Осум свежи ружи и осум запалени свеќи во чест на осумтемина загинати македонски херои: Игор Костески (26), Роберт Петковски (27), Бобан Трајковски (28), Миле Јаневски (30), Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25), Марјан Божиновски (27) Нека им е вечна слава!“- напиша Ангелов на Фејсбук.

Ангелов уште еднаш потсети дека државата мора подостоинствено да оддава почит на жртвите од конфликтот во 2001 година.
Слично
