Навредливи пораки пред домот на пратеник од СДСМ
Повеќе навредливи пораки се испишани на улицата каде живее пратеникот од СДСМ, Максим Димитриевски во Куманово.
„Максо албански слуга“, „Максо предавник“, „Максо дали Куманово заслужува двојазичност“, „Гробар на Македонија“, се само дел од пораките кои се испишани на улицата „Ристовац“ во непосредна близина на неговиот дом.
„Лично го прашувам изманипулираниот што го напиша оваа пред мојот дом. Дали воопшто ме познаваш барем малку човеку? Очајнички се вашите обиди за манипулација со јавноста, криминалци“- напиша на својот Фејсбук профил Димитриевски.
Случајот е пријавен во полиција. Во текот на вчерашниот ден и завчера беа искршени штабови на СДСМ во Прилеп, Битола, Драчево, Куманово.
Слично
