Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАВРЕДЛИВИ ГРАФИТИ ВО ГОСТИВАР: На монументот на кејот пишува „Илирида“

НАВРЕДЛИВИ ГРАФИТИ ВО ГОСТИВАР: На монументот на кејот пишува „Илирида“

Графити со говор на омраза се испишани врз градскиот симбол на Гостивар.

Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди на монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста. 

„Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварци, зашто сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Роми сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности“, напиша Ема Мешковска, советник во општинскиот совет и еден од иницијаторите да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во полиција настанот не е пријавен, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат преземени соодветни мерки. 

Реагираат од политичката партија Левица од каде велат дека сквернавењето претставува директна последица на големоалбанската и антимакедонската пракса, на целосно непочитување на државните македонски инсигнии (Знаме, Грб и Химна) како и глорификација на инсигниите на фашистичката творба – Голема Албанија која е практикувана од страна на т.н „албанската“ политичка елита.

Ја потсетуваат јавноста дека политичката партија Левица во својата програма се залага за: Воведување на Државен инспекторат за инсигнии кој ќе биде надлежен за контрола и надзор над правилната употреба државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти.

Слично

Поврзани вести