Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Навистина е последниот што треба да држи лекции за политички легитимитет“: Муцунски остро контра поранешниот министер за надворешни

„Навистина е последниот што треба да држи лекции за политички легитимитет“: Муцунски остро контра поранешниот министер за надворешни

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку објава на Фејсбук упати критики до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, обвинувајќи го дека ги извртува фактите и дека нема политички кредибилитет да ја коментира политиката на актуелната Влада.

Според Муцунски, Османи „многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата“, поради што, како што наведува, не треба „да ги извртува фактите и да толкува туѓи изјави“.

Во објавата, Муцунски се осврнува и на политичкиот легитимитет на Османи, посочувајќи дека тој не успеа да ја добие довербата ниту на своите најблиски сограѓани во Чаир.

- Политичар кој не успеа да ја добие довербата ниту на своите најблиски сограѓани во Чаир, ниту на своите соседи, ниту на луѓето што најдобро го познаваат, навистина е последниот што треба да држи лекции за политички легитимитет - напиша Муцунски, додавајќи дека по таков пораз „многумина би покажале политичка одговорност и би се повлекле, наместо да продолжат да делат лекции“.

Министерот истакна дека ставот на актуелната Влада е непроменет од почетокот на нејзиниот мандат.

- За разлика од неговите спинови, позицијата на оваа Влада е јасна и непроменета од првиот ден. Повеќе од две години слушаме обвинувања дека ќе попуштиме, ќе се откажеме и ќе прифатиме сè што претходно било договорено. Наместо тоа, со дела покажавме доследност, принципиелност и јасна заштита на македонските национални интереси. Тоа денес е јасно и дома и кај нашите меѓународни партнери - наведува министерот.

Поранешниот министер Османи пак претходно на Фејсбук напиша дека четири години тврди дека протоколите не се дел од преговарачката рамка.  

- Четири години трпам критики, напади и навреди. Четири години цртам на табли, објаснувам, повторувам. Еден чекор поминат – Протоколот не е дел од рамката  – напиша Османи.

Слично

Поврзани вести