Навикнете се на температури под нулата
Во наредниот период повеќе нема да има температури над нулата во текот на денот и ноќта во Македонија. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Максималната температура ќе достигне од минус пет а најмногу до еден степен.. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Максималната температура до нула степени.
И во наредните денови под влијание на многу студена воздушна маса ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Студеното време ќе се задржи до средината на наредната недела.
