Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАВЕДОА ТРИ ПРИЧИНИ: ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Димитров

НАВЕДОА ТРИ ПРИЧИНИ: ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Димитров

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе интерпелација за вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. 

Како причини се наведени непочитување на Парламентот, неуспехот да се обезбеди старт на преговорите со ЕУ и недоволната активност на Секретаријатот за европски прашања.

„Димитров е еден од ретките министри во Европа, со исклучок на министерот од Белорусија, кој не се одзива на поканите од пратениците во Собранието”, велат од опозицијата. 

Доволна причина за интерпелација, според ВМРО ДПМНЕ, е недостигот на отчет за работата во првите 100 дена, но и фактот дека не ги почнавме преговорите со ЕУ.

Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за очајното ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Слично

Поврзани вести