Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Навали народе“: Македонска православна црква обезбеди бесплатен паркинг во строг центар

„Навали народе“: Македонска православна црква обезбеди бесплатен паркинг во строг центар

Фото: Нова Македонија

„Борба“ се води помеќу возачите кој да фати попрво бесплатен паркинг во строгиот центар на Скопје, откако економскиот оператор кој го менаџираше просторот спроти ГТЦ и хотелот „Холидј Ин“ се откажа и им го врати на сопствениците, меѓу кои е и Македонската православна црква.

Операторот синоќа соопшти дека еден од најголемите паркинзи е ослободен како бесплатен, а денеска сите сакаат да паркираат на истиот. Други бесплатни опции во околината воопшто не постојат, апајак-службите веднаш интервенираат на непрописно паркирање.

Инаку до сега со паркингот оперираше Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и  деловен простор од значење за Републиката

Додека да се расчисти новонастанатата состојба со враќање на најголем дел од просторот на повеќе сопственици и продажба на приватен инвеститор, граѓаните ја користат можноста за слободен паркинг, заобиколувајќи ги катните гаражи.

На паркингот во моментов не може да се најде слободно место поради огромната гужва од автомобили, а има посебна назнака дека истиот е бесплатен.


Слично

Поврзани вести