Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАВАЛИ КИСЕЛА ВОДА НА БУРГЕРИ НА ОТВОРЕНО - општината организира фестивал на улична храна, ова се деталите

НАВАЛИ КИСЕЛА ВОДА НА БУРГЕРИ НА ОТВОРЕНО - општината организира фестивал на улична храна, ова се деталите

Денеска и утре жителите на Кисела Вода, но и на други општини и населби доколку сакаат, ќе можат да пробаат вкусни бургери, ама на отворено.
Објавата стигна од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. 
„Дали сте спремни за вистинско гастрономско уживање? - Започнува Skopje Street Food Festival – #BurgerologyVOL2!

Денес и утре, со почеток од 17 до 23 часот, пред платото на салата „Расадник“ во Кисела Вода ќе се одржи фестивалот за улична храна, под името Skopje Street Festival.

Фестивалите на улична храна се одржуваат во сите светски метрополи, а скоро секој главен град има свој единствен и препознатлив Street Food Festival.

Овој тип на урбани фестивали ја презентираат нашата култура, а воедно и ни ја доближуваат културата и обичаите на другите земји и народи во светот.

Со оглед на големата заинтересираност, предвидено е да се одржи на нова локација – Кисела Вода да биде домаќин на еден ваков настан од светски размери.

Сметаме дека оваа манифестација ќе придонесе во подигање на културата во секоја општина поединечно, како и малите бизниси, ресторани и бистроа да имаат можност за самопромоција, размена на идеи и подобрување на квалитетот и соработката меѓу нив, а со тоа и Скопје да се запише на листата на настани на глобално ниво.

За уште поголемо уживање, ќе настапат и музички изведувачи, како диџеи и бендови.

Ве поканувам сите жители на Скопје да дојдете, да ги вкусите бургерите приготвени на различен и уникатен начин и сите заедно да уживаме и да се дружиме“, напиша градоначалникот на фејсбук.



Слично

Поврзани вести