Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наутро зима, преку ден вистинска пролет

Наутро зима, преку ден вистинска пролет

Во текот на оваа седмица повторно ќе имаме многу повеќе сонце особено од утре вторник 10-ти март 2026. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува  и на релативно топла воздушна маса од југ која ќе условува да имаме релативно високи температури на воздухот преку ден и тие ќе бидат над просекот за овој период од годината  и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, пишува метеорологот Славчо Попоски.

„Сепак, наутро ќе биде релативно ладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата и ќе има појава на слаб мраз  и на слана.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 0 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени.

Да напоменам дека во следните денови повторно ќе имаме огромна разлика помеѓу минималните утрински и максималните дневни температури на воздухот, односно наутро тие ќе бидат зимски а преку денот тие ќе бидат навистина пролетни па токму ова особено негативно ќе се одрази врз метеопатите, односно токму кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми“, објави тој.


Слично

Поврзани вести