Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАУТРО СОНЧЕВО, ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ ДОАЃА СИЛНО НЕВРЕМЕ - синоптичарите најавуваат дождови, грмотевици, ветер

НАУТРО СОНЧЕВО, ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ ДОАЃА СИЛНО НЕВРЕМЕ - синоптичарите најавуваат дождови, грмотевици, ветер

Голема промена на времето најавуваат за денеска синоптичарите. По сончевото утро не очекуваат облаци, дожд, грмотевици, а понекаде и посилно невреме. 

- Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец - соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Сепак, температурите нема драстично да опаднат, утринските температури ќе бидат во интервал од 9 до 17 степени целзиусови, додека дневните ќе достигнат максимум до 35 степени. 

Слично, поточно променливо време ќе имаме и во вториот дел од викендот, поточно во недела.

- Променливо облачно, претпладне со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен западен, а во источните делови северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните до 32 степени.


Слично

Поврзани вести