Економија, финансии, бизнис

Контакт

Науновски за Тони Михајловски: Уште еден поранешен ГДОМ-ец стана антимицковист

Науновски за Тони Михајловски: Уште еден поранешен ГДОМ-ец стана антимицковист

Професорот Тони Науновски објави дека покрај него, Мирка Велинова и Оливер Андонов, уште еден поранешен член на ГДОМ - Тони Михајловски се разочарал од политиките на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ваквата реакција на Науновски, следува откакоо актерот во вчерашниот разговор за „Инфомакс“ рече дека ВМРО-ДПМНЕ му работело зад грд за време на локалните избори во Куманово, а во корист на градоначалникот Максим Димитриевски, по што за прв пат по долго време кога се враќал во својот град се чувствувал како губитник.

„Да му посакаме добредојде на уште еден антимицковист од поранешните членови на ГДОМ покрај мене, Мирка и Оливер Андонов - Тони Михајловски, беше и член на ИК на мицково дпмне. Штета што државата уште му дава милион евра годишно на мицкоски па плаќа луѓе околу него (багеристот од зелениково, козарот викан свињенко и многу други), инаку - Готов е!“, напиша Науновски на социјалните мрежи.

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).беше активно во 2016 со цел да не дојде до промена на власта.

„Додека бев во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ мислев дека сите членови се еднакви, но после тоа фатив дека целата партија е раководена од пет-шест луѓе, се друго е икебана“ рече Михајловски во интервјуто за Инфомакс.

- Имав и чувство дека некој надвор од партијата ја контролира партијата, некој што не е ни Македонец, доаѓа, си тера некој мандат од 4 години и овие само ја спроведуваат агендата што е страшно, додаде тој.


Слично

Поврзани вести