Наумов заменик во економија, Точи во МНР, Елези во финансии-замениците министри денес ќе се именуваат од пратениците
Кире Наумов во економија, Агим Нухиу во МВР, Беким Максути за заменик во одбрана, Оливер Ристовски во правда, Арта Точи во МНР, Ширете Елези во финансии, Власте Димковиќ во земјоделство, Гоце Чакаровски во здравство, Јани Макрадули во животна средина, Висар Гани во образование, Елми Азири во труд и социјална политик, Дејан Павлески во локална самоуправа, Ремзи Мехмеди во транспорт и врски, Александар Бајдевски во информатичко општество и админситрација и Владимир Лазовски во култура, ова е списокот со заменици министри кој доцна синоќа по полноќ премиерот Заев го доставил до собранискиот претседател Талат Џафери.
Се очекува на денешната пленеарна седница пратениците да ги именуваат погоренаведените заменици министри.
Денешната седница има 21 точка на дневниот ред, а изборот на заменици е последна.
