Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наум Стоилковски отиде во Маврово за да ја покаже вилата на Петре Шилегов

Наум Стоилковски отиде во Маврово за да ја покаже вилата на Петре Шилегов

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не престанува со обвинувањата за скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Предмет на нивниот интерес денеска беше неговата вила во Маврово, за која велат дека е луксузна и има 300 м2.

„Од тука од Маврово ви презентирам уште еден луксуз на Петре Шилегов, градоначалник на заминување на Скопје, купен на Маврово со чиновничка градоначалничка плата.

Ова зад мене е вилата, луксузната вила од над 300 м2, на два спрата, со луксузен двор, со луксузна летна кујна, со луксузна ограда правена од камен и со сите можни удобствија направени и земени за само една година чиновничка плата на Петре Шилегов како градоначалник на Скопје.

И овој луксуз, овие 300 луксузни квадрати на Маврово, Петре Шилегов ги прикажува како платени односно со вредност од 55.000 евра.

Овој цел луксуз Петре Шилегов го пријавува колку еден стан од 40-тина квадрати во центарот на Скопје.

Петре Шилегов за само една година купува ваков луксуз, гради ваков луксуз од 300м2, само површина на куќата, на луксузната вила“, рече Наум Стоилковски.

Слично

Поврзани вести